Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Промоција на платформа за соработка со Универзитот во Тетово

2025-03-04

Промоција на платформа за соработка со Универзитот во Тетово

Во рамки на одбележување на 80-годишнината од основнањето на Црвениот крст, на ден 04.03.2025 година на Универзитетот во Тетово се организираше настан за промоција на платформата за соработка на ЦКРСМ со универзитетската заедница. На настанот, Генералниот секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити додели јубилејна плакета на Ректорот на Универзитетот на Тетово на проф. д-р Јусуф Зејнели во знак на благодарност за севкупниот придонес за развојот и поддршката за работата на нашето национално друштво. За време на настанот се реализираше и панел дискусија  на актуелни општествени теми од академската фела со Црвениот крст за давање на придонес во влијанија за градење на политики од општествен интерес.

Платформа за соработка на Црвениот крст со универзитетската заедница нуди можност за студентите и наставниот кадар да земат учество во хуманитарни активности преку истражувачки и научни трдови и развивање заеднички програми и преокти во рамки на социјални-хуманитарните, здравствено-превентивните и подготвеност при катастрофи.

На панел дискусијата учесници беа Генералниот секретар на ЦКРСМ, д-р Саит Саити, проф. д-р. Кенан Ферати, Претседател на Сенатот, проф. д-р Брикенд Азири, Декан на Економскиот факултат. Панелот го модерираа проф. д-р. Никола Дујовски и проф. д-р Фадби Османи.

Универзитетот во Тетово и Студентскиот парламент на УТ, во соработка со Црвениот крст, во текот на годините реализираа десетици хуманитарни акции, како: обезбедување помош на браќата од Република Косово во 1999 година, Кампот Стенковец во Скопје; во 2015 година по поплавите во Шипковица, Речица и скопскиот регион и ослободувањето од учеството на учениците од овие региони; распределбата на различни, но и финансиски помагала по земјотресот во Албанија во 2019 година и земјотресот во 2023 година; како и УТ ги поддржа годишните акции за крводарителство организирани од Амбасадата на САД во нашата земја по нападите на 11 септември 2001 година, како и многу други јавни активности поврзани со бесплатните здравствени прегледи кои ги спроведоа студентите.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025